Скопје ги стартуваше подготовките за кам-бекот во ПМФЛ

Екипата на ФК Скопје денеска официјално ги стартуваше подготовките за претстојната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Стартот на подготвителниот период беше означен на клупскиот терен на стадионот „Железарница“ во скопската населба Железара. Шефот на стручниот штаб, Александар Таневски, ги собра своите фудбалери и го одржа првиот тренинг, со што и формално започнаа редовните активности за кревање на формата.

Во следните недели тимот ќе работи на физичката подготвеност и тактичкото уигрување. Клубот наскоро ќе го објави и комплетниот план за пријателски натпревари преку кои ќе се бруси формата пред почетокот на првенствените предизвици.

Се вчитува...