Скопје го победи Арсими во дебито на Муарем

Повратникот во елитното друштво, екипата на Скопје триумфираше со 2-1 против Арсими на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра во Автокоманда.

Ова беше прв меч за новиот шеф на стручниот штаб, Муарем Муарем на клупата на Скопје. Нов почеток, нова енергија и важни минути за воигрување на тимот пред стартот на новата сезона.

Стрелци за Скопје беа Андреј Цветковски и Џесилд Каплланај, а единствениот погодок за Арсими го постигна Иван Глигоров.

На стартот од новата сезона во Првата лига следниот викенд Скопје и гостува на Шкендија, додека Арсими се среќава со Тиквеш во Кавадарци.

Се вчитува...