Скопје и Тиквеш место во Автокоманда на терените на ФФМ ќе го одиграат својот меч во ПМФЛ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) потврди дека натпреварот од 4. коло во ПМФЛ помеѓу Скопје и Тиквеш наместо на „Железарница“, ќе се одигра во Тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Иако првичниот план беше повратникот во елитата да го пречека кавадаречкиот тим на својот стадион, тој се уште не ги исполнува потребните стандарди за мечеви од највисок ранг.

Ова не е првпат сезонава Скопје да биде принуден да го менува домаќинството, откако од истите причини и дуелот со Струга ТЛ се одигра на терените на ФФМ.

Се вчитува...