Скопје има нов тренер, Варадиновски доаѓа на местото на Муарем

Екипата на Скопје денеска го промовира новиот тренер кој ќе ја предводи екипата во продолжение од сезоната. На местото на Муарем Муарем, за нов тренер на стручниот штаб е назначен Иван Варадиновски.

Помошници на Варадиновски ќе му бидат Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ.

ФК Скопје е добро познато место за Варадиновски и неговиот помошник Настевски, бидејќи и двајцата во минатото како фудбалери настапуваа за овој тим.

По осум кола во Првата Македонска фудбалска лига, Скопје е на последната 10-та позиција на табелата со само три освоени бодови и е единствен тим кој сè уште нема остварено победа.

Се вчитува...