Во Скопје од 21-ви до 29-ти април, ќе се игра Светското училишно првенство во ракомет. Отвораањето ќе биде на плоштадот „Македонија“ во Скопје во 19:30 часот, а ќе учествуваат околу 700 ученици.
СП во ркаомет за ученици ќе се игра во шест училишни сали.
„Во кои сали ќе игра Македонија, ќе биде одредено откако ќе помине инспекцијата на техничката комисија. Амбициите се освојување на медал“, рече Елена Мицковска, претседателка на Федерацијата за училишен спорт.
Министерот за спорт Борко Ристовски изјави дека во иднина државата ќе се заложува вакви настани да има што повеќе во Македонија.
„Како држава и Министерство во соработка со РФМ и федерацијата за училишен спорт, ќе се заложуваме вакви настани да бидат што поприсутни кај нас, ова е и промоција на државата. Сите дечиња кои се на почетокот на кариерата, ќе имаат можност пред поширок аудиториум да се презентираат и тоа е одлично за нив. Честитки до сите, сигурен сум дека подготвени ќе го дочекаме овој настан, не оставаме ништо на случајност“, изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.
Шефот на делегацијата на Македонија на Светското училишно ракометно првенство кажа дека Скопје во тие денови ќе биде град на младоста.
„Ова е чест, но и голема одговорност. Скопје во тие денови ќе биде град на младоста, град на спортот. Верувам дека децата ќе си заминат со нови пријателства. Се надевам дека ќе се претставиме во добро светло и ќе освоиме медали“, рече Кастратовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

