Скопје слави, Вардар е неприкосновен шампион во СЕХА лигата!

Вардар пред својата публика во Скопје ја одбрани титулата во регионалната СЕХА Гаспром лига и стана најуспешна екипа во регионалното натпреварување со четири титули во седумте досегашни изаднија. Во големото финале на Ф4 турнирот што се одржа викендов во СЦ “Јане Сандански“, Вардар го победи ППД Загреб со 26-24 . Титулата е круна за „црвено-црните“ во перфектната сезона без пораз во вкупните 20 натпревари во СЕХА лигата.

Големото финале, втор во Скопје после пет години, беше вистински шлаг на сезоната во регионалната СЕХА лига, која од сезона добива на рејтинг и на квалитет, во прекрасна атмосфера во СЦ „Јане Андански“, машка борба на терен и на крај триумф и нова титула за Вардар.

И Вардар и Загреб во мечот за титулата влегоа беспоштедно. Борбена игра, серија убави голови на двете страни и предност на „црвено-црните3 од 5-3 веќе во 10 минута. Одлично функционираше одбраната на Вардар во стандардната формација со Жоан Канељас напред. А, и тоа што ќе поминеше покрај одбраната на „црвено-црните“, тешко поминуваше покрај Арпад Штербик на голот. Вардарци делуваа моќно и сигурно, го потврдуваше тоа и водството од 7-3 по првата четвртина и брзо скршениопт отпор на хравсткиот шампион.

Тренерот на ППД Загреб, Златан Сарачевиќ го искористи првиот тајм-аут во обид да ги врати своите играчи во ритам. Но, гостите тешко се справуваа со расположените вардарци, посебно со горостасниот Даинис Криштопанс кој постигна четири од првите 10 гола на Вардар.

На пет минути пред крај на првиот дел, Загреб ја намали негативата на 12-10 , најмногу благодарение на ефикасноста на Домагој Павловиќ. Но, вардарци ги држеа конците во свои раце и го заврши првото полувреме со предност од 14-13.

Дианис Криштопанс со прв погодок за Вардар го отвори првото, а потоа и второто полувреме. Хрватскиот првак по првите пет минути успеваше да држи чекор и резултат во егал (16-16).

Четвртиот погодок на хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ одново ги однесе „црвено-црните“ на +2 (18-16), Штербик ја сопре контрата на Павловиќ и ја крена публиката на нозе. Но, на двесет минути пред крај натпреварот се уште беше со доза на неизвесност. Хорват донесе ново изедначување на 18-18 и го врати Загреб во игра. Шансата Хрватите да дојдат во водство повторно ја осуети токму хрватскиот репрезентативец во Вардар. Циндриќ ја сопре контрата на Загреб, „украде“топка и погоди за водство од 20-19.

Како што се приближуваше крајот, така се заоструваше борбата на теренот во „Јане Сандански“. Во обид  да го сопре налетот на Вардар, Шушња грубо го фаулираше Игор Карачиќ и во 50. минута заработе директен црвен картон. А, Карачиќ казни си погодок за водство на Вардар со 22-20. Чупиќ реализира седмерец , а потоа беше прецизен од крило  за водство од 24-20 и Хрватите дефинитивно му пресудија на Загреб во ова СЕХА финале. Вардар тргна во победнички поход во завршните седум минути од натпреварот. Со четири гола предност (26-22) „црвено-црните“ влегоа и во завршните две минути, Штербик финишираше во свој елемент, а Вардар мирно го заврши финалето и ја одбрани титулата во СЕХА лигата.

Лука Циндриќ и Дианис Криштопанс постигнаа по пет гола, Арпад Штербик запиша осум одбрани во победата за нова титула на Вардар. Во редовите на ППД Загреб, Златко Хорват беше најефикасен со осум гола.

Се вчитува...