Скопје убедлив против Кадино

Новиот македонски прволигаш Скопје забележа уште една победа во подготвителниот период за новата сезона. Овојпат тимот на Љупчо Марковски беше подобар од Кадино со 3-0 во пријателски натпревар.

Скопје поведе со голот на Филип Јаневски во 10. минута, а до крајот на првиот дел Дарио Десниќ во 25. минута зголеми на 2-0. Конечните 3-0 ги постави Христијан Кировски во 55. минута.

Се вчитува...