Фудбалерите на Скопје во минатото коло го освоија првиот бод по враќањето во елитата откако ремизираа 1-1 против фаворитот Струга ТЛ. За тимот на Муарем Муарем продолжува „пеколниот“ распоред, па во третото коло ги очекува тешко гостување кај Силекс во Кратово.
Сепак, составот од Автокоманда има план како да му се спротистави на Силекс и ќе се обиде да ги неутрализира силните страни на домаќинот.
„Имаме план и се надеваме дека ќе го спроведеме на теренот во Кратово“, порачуваат од ФК Скопје.
Натпреварот меѓу Силекс и Скопје ќе се одигра денеска, со почеток од 16 часот на Градскиот стадион во Кратово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
