Скриена порака на португалските навивачи – „УЕФА го уби фудбалот“

Навивачите на португалската Виторија Гимараеш, популарните „бели-ангели“ на мечот од Лигата на Европа против Ајнтрахт упатија жестока критика кон Европската фудбалска федерација (УЕФА). Португалците по целата трибина развлекоа знаме на кое со бели букви пишуваше “Under fans skills football is better”. Наизглед бенигна и вообичаена кореографија за еден фудбалски натпревар, но пораката правилно прочитана носи многу поголема порака. Имено, во пораката имаше и жолти букви кои ако ги прочиташ даваат израз “UEFA kills football”.

Навивачите на Гимараеш со оваа порака и одговорија на УЕФА која домашните натпревари против Арсенал и Стандард Лиеж ги стави во неатрактивен термин (15:50 часот).

 

Се вчитува...