Скудето чао: Наполи прокоцка 0-2, невидена глупост на голманот Мерет (видео)

Наполи ги загуби шансите во трката за скудетото откако тимот на Елиф Елмас попладнево беше поразен на гостувањето против Емполи со 3-2. Елмас поради повреда не настапи на мечот, а мечот го одбележа катастрофалната грешка на голманот Мерет, кој буквално им го подари израмнувачкиот гол за 2-2 на домаќините.

„Наполитанците“ делуваа дека се на чекор до победата откако Мертенс пред крајот на полувремето погоди за 0-1, а Инсиње во вториот дел реализираше за 0-2. Капитенот Инсиње промаши убава шанса за трет гол, а казната стигна во завршните десет минути во кои Емполи направи неверојатен пресврт.

Исланѓанецот Хендерсон биеше прецизно и намали на 1-1, по што голманот Мерет се посрамоти со огромна грешка подарувајќи им израмнувачки погодок на домаќините.

Наполи беше принуден целосно да се отвори во финишот, а Емполи го искористи тоа и со вториот гол на Пинамонти во 87. минута го комплетираше пресвртот за тотално лудило меѓу домашните фанови на стадионот.

Во вториот попладневен меч на програмата Болоња и Удинезе ремизираа 2-2, дуел на кој Илија Несторовски беше на клупата, но не влезе во игра на „Ренато Дал Ара“.

Се вчитува...