Скудетото за Милан… еве што вели Златан

Златан Ибрахимовиќ го предводеше Милан до голем триумф на гостувањето против Удинезе, со што „росонерите“ уште повеќе се зацврстија на чело на табелата. Навивачите веќе почнаа тивко да говорат за освојување на скудетото, но шведскиот голгетер не дозволува во тимот да завладее еуфорија.

„Работите се одвиваат во добра насока, но како што реков и пред неколку седмици, одиме натпревар по натпревар. Секој меч е како финале за нас, на крајот ќе видиме каде ќе завршиме. Постојат колективни и индивидуални цели што се поставени пред секој од нас, ќе видиме како ќe завршиме“, истакна Ибракадабра.

Златан со прекрасен погодок со „ножички“ го реши мечот на „Фриули“, уште еднаш потврдувајќи дека и на 39-годишна возраст е светска класа.

„Голот беше убав, но многу поважно е што со него стигнавме до трите бода. Ние сме најмладиот состав во Европа, иако јас го рушам тој просек. Соиграчите и мене ме прават помлад, тие се млади, желни за успех и секогаш сакаат да напредуваат, дури и на тренинзите“, задоволен е Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...