Слаб интерес во Гдиња за ЕП, досега продадени само 4.500 билети

Стадионот во Гдиња вечерва нема да биде исполнет за дуелот меѓу младинските селекции на Шпанија и на Македонија, поради слабиот интерес што владее во овој полски град за Европското Првенство. Како што информираа организаторите, досега се продадени помалку од една третина од билетите, или поточно 4.500 билети за стадионот кој е со капацитет од 15.500 места.

Нашите очекувања се во следните неколку часа да се продадат уште околу 4.000 билети“ – информираат од билетарницата пред самиот стадион, прогнози што во секој случај се преоптимистички, ако се знае дека во претходните денови беше објавено дека билети се делеле и по основните училишта во Гдиња, каде исто така интересот не бил преголем.

Над 500 Македонци ќе се најдат вечерва на трибините на оваа спортска арена, па јасно е дека избраниците на Боби Милевски ќе имаат поголема поддршка, со оглед на фактот дека шпанските фудбалери не би требало да имаат повеќе од 100 фанови допатувани од оваа земја.

Се вчитува...