Слаб настап на Миа Крстевска на Младинските Олимписки Игри во Буенос Аирес

На денешните натпревари во пливање на Младинските Олимписки Игри во Буенос Аирес настапи и македонската пливачка, Миа Крстевска. Иако беше пријавена со резултат 2:21:32 минути, таа трката на 200 метри грбно ја заврши со време 2:27:15 минути, резултат кој е речиси 6 (шест) секунди послаб од нејзиното најдобро остварување.

Пред два дена, на своето прво појавување на МОИ, Миа Крстевска, трката на 100 метри грбно ја заврши со време 1:08:20 минути, резултат кој исто така е далеку од нејзиното најдобро време (1:05:95 минути). Со овие резултати, Миа Крстевска го заврши својот настап на МОИ Буенос Аирес 2018.

Се вчитува...