Слаб настап за македонските нордијци на спринт трката на СП на Планица

Македонските нордијци имаа слаб настап во квалификациите на спринт трката во класичен стил на 1.4 километри во крос-кантри на Светското првенство во нордиски спортови на во словенечка Планица.

Во машка конкуренција Македонија имаше два претставника во имињата на Ставре Јада и Дарко Дамјановски. Трката на 1.4 километри ја завршија 133 натпреварувачи. Јада го освои 108. место, додека Дамјановски заврши како 111. Интересно е тоа што Нигериецот Самуел Икпефан беше повеќе од половина минута побрз од нашиот двоец. Најбрз беше првиот фаворит Јоханес Хесфлот Клебо од Норвешка со време од 2:55.50 минути.

Кај дамите единствената наша претставничка Ана Цветановска имаше солиден настап завршувајќи ги квалификациите на 86. место од 99 натпреварувачки кои ја завршија трката. Цветановска делницата од 1.4 километри ја помина за време од 4:56.94 минути што беше за 1:34 минута поспоро од водечката во квалификациите и прва фаворитка за освојување на златниот медал Швеѓанката Јона Сундлинг.

Се вчитува...