Слалом за паметење: Хернандез претрча 50 метри и стави печат на победата на Милан

Тео Хернандез постигна гол за паметење на дуелот меѓу Милан и Аталанта, носејќи водство на „росонерите“ од 2-0 за уште еден чекор напред на неговиот тим кон освојување на шампионската титула.

Круниќ освои топка на половината на Милан, таа стигна до Хернандез, по што левиот бек тргна во слалом, мина неколку противнички фудбалери и на крајот го матираше голманот на Аталанта.

Мајсторијата на Тео Хернандез можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...