Слатка одмазда: Стајиќ ја реши Лариса со поени со звукот на сирената

Кошаркарите на Кожув експресно се рехабилитираа од убедливиот пораз од 112-58 на првиот контролен натпревар со Лариса, па избраниците на Алек Јончевски на синоќешниот втор меч со истиот ривал успеаја да стигнат и до победа од 74-73.

Натпреварот беше сосема поинаков од оној првиот, мина во целосно израмнета игра, а грчкиот прволигаш на одмор замина со водство од 38-34. Кожув до самиот крај не дозволуваше противникот да се одлепи, а потоа во трилер-завршница стигна и до победата. Бобан Стајиќ беше човекот на одлука, погодувајќи шут со звукот на сирената за победа на македонскиот прволигаш среде Грција.

Се очекува Кожув да одигра уште неколку натпревари до стартот на прволигашката сезона, во која тимот од Гевгелија во првото коло ќе го пречека Охрид.

Се вчитува...