Слатка одмазда за Аморим: Милан го преслуша Манчестер јунајтед (видео)

Рубен Аморим може да биде горд на фудбалерите на Милан откако „росонерите“ попладнево на пријателск меч го преслушаа неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед со 4-2.

Аморим за ривал го имаше својот наследник Мајкл Карик, португалскиот ас покажа дека веднаш остава печат врзата играта и карактерот на „росонерите“, кои два пати губеа, но сепакк најдоа начин со пресврт да стигнат до победата.

Мегваер со глава го донесе Јунајтед во водство, но Милан израмни пред крајот на полувремето преку Чуквуезе по одличната асистенција на Гонсало Рамош. Второто полувреме почна со нов гол на Манчестер, овојпат левиот бек Доргу беше стрелец во 51. минута, но шест минути подоцна Сисе г израмни резултатот за Милан.

Гонсало Рамош го круниса својот одличен меч со погодок за 3-2 за Милан, додека конечните 4-2 ги постави Лофтус Чик.

Се вчитува...