Слатките маки на Пиоли: Се потешко ми е да изберам стартен тим на Милан

Стефано Пиоли има причина да биде задоволен од формата на Милан на стартот од сезонава, „росонерите“ се лидери на табелата во Калчо-лигата, додека во ЛЕ стартуваа со две победи, над Селтик и над Спарта Прага. Стратегот на Милан експериментираше со тимот на дуелот со Спарта, но неговите избраници одиграа перфектен меч и рутински славеа со 3-0. Одличен настап прикажа Португалецот Далот, кој летово пристигна од Манчестер Јунајтед, постигнувајќи гол и асистенција против чешкиот прволигаш.

„Кој и да добие шанса, точно знае што треба да направи на теренот и засега се функционира беспрекорно. За мене станува се потешко да изберам стартен тим бидејќи сите фудбалери се во топ-форма. Презадоволен сум од начинот на кој се развиваме како тим“, истакна Пиоли.

Златан Ибрахимовиќ промаши пенал во првото полувреме, по што беше заменет на паузата, но стратегот на Милан откри дека не станува збор за проблем со повреда.

„Тоа беше договорено од претходно, Златан да игра само едно полувреме. Тој сака секогаш да настапува по 90 минути, но ритамот е пеколен и мораме да ги чуваме играчите“, прокоментира стратегот на „росонерите“.

Се вчитува...