Славиша Јокановиќ прв кандидат за селекторското столче во Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Црна Гора остана без селектор откако Миодраг Радуловиќ ја напушти селекторската функција на оваа земја.

Веќе почнаа да се споменуваат имињата на потенцијалните наследници на функцијата селектор на Црна Гора. Како прв и главен кандидат да стане нов селектор на Црна Гора, се споменува Славиша Јокановиќ, кого претседателот на федерацијата Дејан Савиќевиќ одамна сака да го види на таа функција.

Според црногорските медиуми, втора опција е Гордан Петриќ, кој нема големо искуство како тренер. Се споменува и Миодраг „Гроф“ Божовиќ, кој подолго време е без работа, а се поврзуваше и со селекторското место во репрезентацијата на Македонија.

Се вчитува...