Тенискиот свет е во шок откако денеска беше објавено дека поранешната шампионка на Вимблдон, Маркета Вондрушова, е казнета со четири години суспензија.
Причина за ова е одбивањето на чешката тенисерка да и биде направен допинг тест во декември 2025, поради што беше покрената истрага против неа, а судскиот случај резултираше со максимална казна од четири години неиграње.
„Контролорите ми дојдоа на врата среде ноќ, воопшто не ми се претставија според прописите, па не ги пуштив да влезат. Последните месеци живеам под голем стрес поради заканите кои ги добивам преку социјалните мрежи“, се пожали неодамна чешката тенисерка.
Таа се надеваше на поинаков исход од судскиот процес, но изречената казнамногу лесно може да значи и дефинитивен крај на кариерата на 26-годишната Вондрушова.
Врв на нејзината кариера беше освојувањето на Вимблдон во 2023 година, кога во големото финале ја совлада Жабер од Тунис со 6-4, 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
