Славниот болид на Михаел Шумахер продаден по рекордна цена од 7,5 милиони долари!

Болидот на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер во последен пат победи на Големата награда на Монако продаден е на аукција за неверојатни 7,5 милиони долари.

Аукцијата беше одржана во Њујорк. Стручните лица предвидуваа дека болидот може да достигне максимална цена од 4 милиони долари, но проценката се покажа неточна затоа што болидот беше продаден речиси за двојно повеќе од првичното предвидување.

sumaher bolid

Болидот најпрво беше понуден на аукција во Хонг Конг на 6. ноември по цена од 3,4 милиони долари, за да вчера на првото претставување во Њујорк веднаш е продаден за неверојатни 7,5 милиони долари.

Се вчитува...