Славниот Кан до Мусиала: Повлечи се, избери здравје пред краткорочна слава

Легендарниот Оливер Кан се најде во фокусот на вниманието на германската јавност откако гласно го повика Џамал Мусиала да се повлече од фудбалот на одреден период.

Асот на Баерн Минхен имаше тешка скршеница на ногата, неодамна се врати на терените, но повторно ги исплаши фановите откако колабираше во финишот од саботниот меч со Лајпциг, и тоа неколку минути откако постигна гол за Баерн.

„Џамал го следам со години. Детето има магија во нозете, чист талент, но …. Он ашто му се случи не беше само од жештината како што објавија, телото му испрати јасна порака дека не може така да продолжи. Јас пред неколку месеци му порачав дека на прво место мора да се стави самиот себе и здравјето. Треба кога ќе се врати, тоа да биде на 100%, не да ризикува. Наместо тоа, тој одбра да форсира. Разбирам, секој играч сака да игра на големата сцена, а ова беше мундијалско лето. Но, ова беше сериозно палење на светлото за аларм. Во еден момент постигнуваш гол, во следниот колабираш на терен, не смее така“, порача Кан.

Според Кан, германската суперѕвезда треба целосно да одмори, за да може потоа да влезе во својата препознатлива форма од пред повредата…

„Најдобра одлука за Џамал во овој момент не е уште еден избрзан камбек на терените, ниту собирање на додатни минути. Решение е повлекување – и тоа она вистинско. Не недела дена одмор, не „дозирање на оптовварување“, туку вистинска пауза. Приоритет мора да биде долгорочното оздравување на тој зглоб и на целото тело, а не краткорочна слава. Фудбалот ќе биде тука за Мусиала и за шест месеци или за година, но неговото тело нема да може да ги издржи напорите ако тој не земе вистински одмор“, истакнува Оливер Кан.

Се вчитува...