Славниот „пијандура“ повторно се „уништи“: Пристигна во бар во 16:30 часот, па погледнете како изглдаше по само еден час (ВИДЕО)

Џек Грилиш, фудбалскиот репрезентативец на Англија, повторно се појави на насловните страници на медиумите на островот, но причините секако не се од фудбалска природа. Имено, оваа неуспешна фудбалска ѕвезда е фатена како спие во бар во Манчестер во видливо алкохолизирана состојба.

Како што објавува „Сан“, Грилиш пристигнал во добро познатиот бар „Сторис“ во Манчестер во саботата околу 16:30 часот, но само еден час подоцна заспал во длабок сон опкружен со чаши и шишиња.

„Неговите пријатели се обидеа да го разбудат, но алкохолот очигледно брзо го совлада“ – вели еден од гостите на гореспоменатиот бар.

Како и да е, Грилиш моментално се рехабилитира од повреда и ова сигурно не бил најдобриот момент за триесетгодишникот да изведува вакви „акробации“. Грилиш е играч на Сити на позајмица во Евертон, а кога станува збор за репрезентацијата на Гордиот Албион, тој беше избришан од списокот на патници за претстојното Светско првенство порано.

Играњето за репрезентацијата во моментов изгледа како невозможна мисија за Грилиш, и е прашање дали воопшто ќе се врати во редовите на Сити, со оглед на посветеноста и начинот на живот на овој некогаш голем талент.

Неговата долга историја на ноќни излегувања вклучува дива забава во декември каде што потрошил неверојатни 20.000 фунти за да ги почасти пријателите и познаниците, што на крајот кулминирало во еден од лондонските стриптиз клубови.

Се вчитува...