Славниот српски клуб кој произведе многу репрезентативци е пред згаснување

Фудбалскиот клуб ОФК Белград, кој e петкратен шампион на Југославија и петкратен освојувач на Купот на Југославија, е пред згаснување. Клубот произведе многу големи имиња во поранешна Југославија, а потоа и во Србија.

Не е првпат да се заканува вакво сценарио за овој славен клуб, со оглед дека со години ситуацијата со тимот е тешка и неизвесна. Оваа сезона можеби ќе биде последна во која ќе се натпреварува.

Навивачите се единствениот спас, кои почнуваат со собирање на донации за основни потреби за функционирање на ОФК. Клубот се натпреварува со Српската лига – Белград, и има слаб пласман – 14 место од 16 екипи.

ОФК Белград во текот на својата долга историја извади бројни фудбалски асови како Илија Петковиќ, Драгослав Степановиќ, Јосип Скоблар, Слободан Сантрач, Петар Борота, Бане Ивановиќ, Александар Коларов, Душко Тошиќ…

Се вчитува...