Следен предизвик Исланд: Репрезентативците отпатуваа за Рејкјавик (ФОТО)

Македонската репрезентација од денеска се сели на Исланд каде во недела (5. септември) ја очекува петтиот натпревар во квалификациите за СП 2022.

По вчерашниот дуел со Ерменија, избраниците на Благоја Милевски денеска од скопскиот аеродром од 16 часот полетуваат за Рејкјавик каде во текот на утрешниот ден треба да бидат реализирани финалните подготовки пред неделниот натпревар.

Во репрезентацијата дополнително е приклучен Кире Маркоски кој треба да биде ново име во офанзивните редови.

 

Се вчитува...