Следната сезона во Ф1 шампионатот нема да започне во Австралија

Светската автомобилска асоцијација (ФИА) го објави календарот за наредната сезона во Формула 1 шампионатот и има една голема промена.

Идната сезона ќе се возат 24 трки во 22 земји, ќе има десет спринт трки наместо досегашните шест, а интересно е што стартот на сезоната нема да биде во Австралија.

Досега сезоната во Ф1 шампионатот стартуваше во Мелбурн, a идната сезона, воведната трка ќе се вози за Големата награда на Бахреин на 14 март.

 

 

Десетте спринт трки ќе се возат во Бахреин, Австралија, Јапонија, Монако, Абу Даби, Канада, Британија, Италија, Бразил и Катар.

Тестирањата пред новата сезона ќе се одржат во Бахреин од 24 до 27 февруари 2027 година, втората трка ќе се одржи во Саудиска Арабија на 21 март, а трката за ГН на Австралија е трета во календарот.

„Календарот за 2027 година ги обединува некои од најкултните патеки и најдинамичните градови на светот. Воодушевени сме што можеме да им посакаме добредојде на Португалија и Турција кои се враќаат во календарот и што ја зголемуваме програмата со десет спринт трки“, изјави претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Се вчитува...