Сликата на Нејмар го шокираше ПСЖ, Бразилецот позирал со „пивски стомак“! (ФОТО)

Поминаа три недели од Копа Америка, турнир на кој Бразил беше поразен од Аргентина, па Нејмар по овие натпревари се реши да оди на одмор и се чини дека добро се забавува. Имено, Бразилецот има уште неколку слободни денови, а сликите што пристигнаа ги шокираа луѓето во Париз, но воопшто и целата спортска јавност.

Нејмар никогаш не се грижи за својата физичка подготвеност кога е во Бразил, но сега отиде предалеку. Напаѓачот на ПСЖ се здебелил и пуштил стомак, што секако ќе ги разбесне парижаните. Бразилецот веќе потпиша нов договор, а денеска се навршуваат четири години откако пристигна како светски рекордер од Барселона и е прва ѕвезда меѓу „светците“.

Очигледно на Нејмар ќе му треба време за да дојде во форма, а иако францускиот вицешампион нема тежок распоред на почетокот, додека Нејмар се врати во Париз, повторно ќе има пауза и ново патување во Бразил, па сето тоа ги загрижува челниците во „Паркот на принцовите“.

 

 

 

 

Се вчитува...