Тренерот на Ливерпул, Арне Слот не го криеше своето разочарување по натпреварот со Кристал Палас и поразот од 2-1 во финишот од мечот. Холанѓанецот го претрпе првиот пораз на клупата на „црвените“ оваа сезона во Премиерлигата.
Слот призна дека Палас му е незгоден противник, и му чеситаше на противникот, велејќи дека уште на полувремето требало да имаат негатива од два-три гола.
„Разочарувачки прв дел и разочарувачки крај на натпреварот. Сите пофалби за Кристал Палас, бидејќи еден од нив беше Комјунити Шилд, но не е прв пат да изгубиме од нив, иако првиот пат беше на пенали. Тоа ви кажува колку е тешко да се игра против нив, и тоа но не само за нас, за секој тим во лигата – да ги победиме. Тоа е она што можевме да го видиме денес. Тие заслужија да имаат два или три гола водство во првото полувреме, создадоа три, четири многу добри шанси и имавме среќа што Алисон ни помогна. Мислам дека во второто полувреме имавме многу подобра игра. Создадовме шанси, што не го прават многу тимови тука или ако Палас игра на гости. Многу е тешко да се создаде шанса. Создадовме доста, и ни требаше време за да постигнеме гол. А, кога го постигнавме тоа, имаше ограничено време за игра. И да примиме уште еден гол од прекин е исто толку разочарувачки како што беше и нашето прво полувреме“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

