Слот го продава еден од клучните играчи, Флорентино Перез „трие раце“

Газдата Флорентино Перез подготвува големи промени во играчкиот кадар на Реал Мадрид ова лето по уште една разочарувачка сезона. Целта ќе биде зајакнување на средниот ред, а се чини дека претседателот на „Кралевите“ веќе знае кого сака да доведе.

После поразот и елиминацијата од ЛШ од Баерн Минхен, Перез знае дека најголемиот проблем на „кралевите“ е во средниот ред. Токму тука се очекува да биде најголемиот ремонт.

Така се очекува еден од играчите од средината на теренот Едуардо Камавинга или Орелиен Чуамени да го напушти клубот, а Флорентино Перез да тргне по ѕвездата на Ливерпул, Алексис Мекалистер.

Неколку англиски медиуми пишуваа дека Слот е подготвен да се откаже од Аргентинецот престојното лето, а од ова може да профитираат „кралевите“ и да го ангажираат во своите редови како засилување во средината на теренот.

Се вчитува...