Тренерот на Ливерпул, Арне Слот зборуваше за мечот на неговиот тим против ПСЖ, кој неговиот тим го загуби со 0:2. Со тоа, англиските шампиони беа елиминирани од Лигата на шампионите, со што „црвените“ немаат повеќе шанси да освојат некој трофеј оваа сезона.
Холандскиот стручњак истакна дека покрај објективните фактори на празниот период, постојат и други фактори кои влијаеле на досегашните резултати. Причината во овој конкретен случај беа ситуациите од натпреварот со Парижаните, поврзани со Уго Екитике , кој беше повреден, како и казната поништена по ВАР.
„Екитике не е добро. Сите видовме дека не изгледа добро. Замина во вториот дел и немав можност да разговарам со него. Губењето на меч е тешко, но загубата на играч е нешто кое го доживеавме многупати оваа сезона. Многу е тешко во овој момент. Ако ја погледнете нашата сезона, не сум изненаден затоа што толку многу одлуки беа против нас оваа сезона. Многу е едноставно. Ако судијата не досудеше пенал, ВАР никогаш немаше да го поништи. Видов толку помали контакти по кои беа досудени пенали, а лушето велат дека ВАР не може да интервенира затоа што има контакт. Тоа е она кое јасно го гледаме“, изјави Слот.
„Во секој случај задоволен сум од карактерот на играчите. И кога губевме 0:1, тие не се предадоа, туку нападнаа. Тоа е голем комплимент“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

