„Словачка е анализирана, Македонија сака победа“

Македонските ракометари максимално подготвени влегуваат во денешниот дуел со Словачка во Прешов (19 часот), прв меч од баражот за пласман на СП 2027 во пресрет на неделниот реванш во Скопје.

Во таборот на „црвено-жолтите“ владее добра атмосфера, противникот е добро анализиран од стручниот штаб, а во националниот тим владее став дека ако се одигра на нивото на кое нашата репрезентација е способна, позитивниот резултат не би требало да биде доведен во прашање.

„Се чувствувам добро, повредата е зад мене, подготвен сум да играм со полн интензитет, среќен сум што повторно сум со репрезентацијата, секогаш ми е чест да ги бранам боите на Македонија“, вели Валентин Карасманакис, младиот пивот на РК Алкалоид.

„Пред нас се две тешки средби, имаме почит кон селекцијата на Словачка, која е комбинација од млади и од искусни ракометари. Ние мораме да бидеме многу внимателни, да сме фокусирани во текот на сите 60 минути во Прешов. Играчите не им се премногу познати, но ние добро се подготвивме за нив од анализите на нашиот стручен штаб. Верувам дека се ќе зависи од нас, ако одиграме како што треба ќе ја оствариме зацртаната цел и ќе се пласираме на уште едно светско првенство“, истакнува Карасманакис.

Се вчитува...