Словак ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Исланд и Македонија

Словачкиот судија Иван Кружлиак ќе биде на центарот на натпреварот од 5. коло во квалификациите за Светското првенство во Катар 2020 година меѓу Исланд и Македонија кој ќе се игра во Рејкјавик.

Во ВАР-собата ќе бидат Павел Рачковски и Даниел Стефански од Полска, кои ќе добијат помош од Мартин Ингварсон од Шведска и Михаел Шафрот од Швајцарија.

Натпреварот е закажан за в недела со почеток од 18:00 часот. Македонија има две победи и по едно реми и пораз во меѓусебните дуели со Исланѓаните.

Се вчитува...