Словенечката легенда останува на клупата на Гран Канарија до 2027 година

Прославениот словенечки кошаркар, а денеска тренер Јака Лаковиќ останува на клупата на Гран Канарија до 2027 година откако денеска официјално го продолжи договорот со шпанскиот клуб.

Лаковиќ ја превзема Гран Канарија во 2022 година и оттогаш со успех го предводи тимот. Го освои Еврокупот, постојано успева да избори учество во завршницата на Купот на Шпанија и плеј-офот во првенството, а оваа сезона играше и ново европско финале, но претрпе пораз од Хапоел Тел Авив.

 

Се вчитува...