Словенецот Оцвирк го засилува Вардар

Јуниорскиот репрезентативец на Словенија, Грегор Оцвирк, треба да биде замената за Сергеј Горбок во редовите на Вардар. Тој беше еден од најголемите адути на словенечкиот национален тим на јуниорскиот европски шампионат, а не сакаше да потпише нов договор со Целје. Поради тоа си замина, а неговата следна дестинација е Скопје.

По сериозната повреда на лигаментите на коленото, јасно е дека Горбок ќе паузира цела сезона, а тоа значи и дека Оцвирк ќе добие поголема минутажа, доколку и официјално потпише за Вардар. Ова значи дека Филип Кузмановски нема да се пресели во Вардар, а како опции за македонскиот репрезентативец остануваат ППД Загреб и Еурофарм Работник, откако ќе го раскине договорот со Металург.

 

Се вчитува...