Словенија како почеток на македонската фудбалска приказна која трае 33 години

ЕКИПА ВО ЉУБЉАНА, 

Никола Станикевски 

Словенија засекогаш силно ќе останe врежанa во меморијата на македонската фудбалска историја преку првиот репрезентативен натпревар одигран во независна Македонија. Историската средба во Крањ, град кој се наоѓа на 30 километри од словенечката престолнина, во која славевме со 1-4 против Словенците неизбежно се издвојува како нешто кое нема заборав во мислите на секој Македонец.

Македонија своите фудбалски почетоци дефинитивно ќе ги памети по извонредната генерација фудбалери која ја имаше на почетокот од деведесеттите години. Предводена од фудбалерот на векот, Дарко Панчев, како капитен, а во неа и имиња како Чедомир Јаневски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Љупчо Марковски, Тони Мицевски, дополнети со Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Неџмедин Мемеди, Зоран Јованоски, Ванчо Мицевски, Горан Георгиевски, Лазо Липовски, Саше Милошевски…, имиња кои засекогаш со златни букви ќе останат запишани во македонската фудбалска историја како партиципиенти на првиот репрезентативен натпревар во историјата на Македонија.

Двајца од нив и сега се тука со репрезентацијата за новата пресметка против државата со која своевремено делевме заедничка историја, а е дел и од историјата на новата држава која веќе трае 33 години.

Дел од оваа историја беше и фоторепортерот на ЕКИПА.МК, РОБЕРТ СПАСОВСКИ.

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1-4

(13. октомври 1993 година, Крањ, Словенија)

Градски стадион „Станко Млакар“ во Крањ. Гледачи: 3.000. Судија: Драгутин Карло Пољак (Хрватска). Стрелци: Пате 40′ (С) – Бошковски 3′, Панчев 37′(п), Јаневски 48′(п), Канатларовски 51′ (М), Ж. картони: Глиха (С-, Георгиевски и Најдоски (М).

СЛОВЕНИЈА: Симеунович (58′ Зупан), Жидан (58′ Јерманиш), Блатник, Новак, Миланиќ, Пољшак (61′ Енгларо), Алеш Чех, Зулич (37′ Пате), Заховиќ, Удович (46′ Глиха), Флоријанчич.

Селектор: Бојан Прашникар.

МАКЕДОНИЈА: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (63′ Неџмедин Мемеди), Зоран Јованоски, Љупчо Марковски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски (86′ Ванчо Мицевски), Бобан Бабунски (12′ Горан Георгиевски, 73′ Сашо Милошевски), Тони Мицевски, Дарко Панчев.

Селектор: Андон Дончевски.

Се вчитува...