Словенија ќе се кандидира за организација на ЗОИ

Италија, Австрија и Словенија ќе почнат да работат на заедничка кандидатура за организација на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во 2034 година.

Информацијата ја соопшти Масимилијано Федрига, претседателот на италијанскиот регион Фриули Венеција Џулија, по состанокот на мешовитиот одбор на Фриули Венеција Џулија во Трст.

Федрига се сретна со словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон.

„Донесувањето на најважниот светски спортски настан во нашиот регион со заедничка кандидатура на Фриули Венеција Џулија, Словенија и Австрија би било пример за исклучителна соработка заснована на дијалог, желба за мир и продлабочување на меѓусебната културна размена што се развиваше со години. Создадена меѓу нашиот регион и сите соседни земји, која на најдобар можен начин ги претставува фундаменталните вредности на обединета Европа“, рече Федрига. 

Италија, Австрија и Словенија веќе заеднички го организираа Европскиот младински олимписки фестивал Офем во 2023 година.

Се вчитува...