Словенките беа преголем залак за македонските одбојкарки

Женската одбојкарска репрезентација загуби на домашен терен од Словенија со 0-3 во последното коло од Европската лига, што нашата национална селекција ја заврши со шест максимални порази од по 0-3 во сетови.

Исклучок не беше ниту денешниот дуел со Словенките, кои со максимални шест победи и 18-0 во сетови се најдобра репрезентација во овогодинешното издание на Европската лига.

Денешниот меч во СЦ „Борис Трајковски“ очекувано мина во целосна доминација на гостинките. Македонија освои само 15 поени во првиот, потоа по 10 во вториот и во третиот сет, за меч што траеше нешто повеќе од еден час.

Новиот селектор направи сериозен рез во националниот тим, но ефектот во ова издание на Европската лига беше катастрофален. Што следно? Ќе видиме наскоро…

Се вчитува...