Словенките немаа сила за изненадување, Норвешка е првиот полуфиналист на ЕП

Словенките немаа сила да приредат изненадување против Норвешка во 4. коло од Групата 1 од главната фаза на Европското првенство 2022.

Норвежанките на дуелот во Љубљана славеа со 26-23 (16-15) со што го задржаа максималниот ефект за пласман во полуфиналето на шампионатот. Норвешка со оваа победа е првиот полуфиналист на ЕП.

Домаќинот Словенија, пак, е и со втор пораз во главната фаза од четири натпревари, па во последното коло против Шведска ќе ја бара можноста за пласман во полуфиналето на ЕП 2022.

Се вчитува...