„Случај Дибала“ во Јувентус

Пауло Дибала повторно прави проблеми во Јувентус. Аргентинскиот интернационалец падна во втор план по доаѓањето на Кристијано Роналдо, многу почесто е на клупата за резерви, а новата ситуација носи и дополнителна нервоза. Тој си заминал од клупата за резерви и заминал во соблекувалната откако Масимилијано Алегри ја направи третата замена на мечот против Парма изминатиот викенд. За несреќа, „старата дама“ во последните мигови од судиското продолжение прими гол и ја испушти победата (3-3).

Тренерот на Јувентус имаше шеговита реакција за овој случај.

„Можеби му беше студено, па побрза во соблекувалната“, истакна Масимилијано Алегри

Дибала беше повикан на разговор поради непочитување на клупската дисциплина и сигурно ќе биде казнет. Се посигурно е и дека ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната, а меѓу заинтересираните клубови се ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...