Случајната средба и палачинките – Како Џордан се одлучи да и се врати на кошарката

Главна тема во новите две продолженија на документарниот филм „Последниот танц“ беше заминувањето на „Ем Џеј“ во пензија во 1993 година, кратката бејзбол кариера и враќањето во НБА две години подоцна.

Откако Булс го освоија третиот прстен во исто толку години две лица во Северна Каролина го убија таткото на Џордан. Тој по овој немил инцидент на прес-конференција објави дека ја напушта кошарката бидејќи веќе немал желба и страст за неа.

Следните две сезони Чикаго беа далеку од тимот кој доминираше со НБА. Пред крајот на сезоната 1994/1995 Џордан се нашол на појадок со поранешниот соиграч од Булс, Б.Џ. Армстронг. Додека јаделе палачинки во еден ресторан, Армстронг му рекол кога ќе може да помине на тренинг и да ги посети поранешните соиграчи. Џордан, дошол на еден тренинг, па на уште еден и набрзо следеше објава дека тој и се враќа на кошарката. Иако не беше член на генерацијата која од 1996 до 1998 освои нови три шампионски титули, сепак Армстронг веројатно е главниот виновник за враќањето во НБА на најдобриот на сите времиња.

Се вчитува...