Сапуницата околу Роберт Левандовски и натаму продолжува. Полјакот е решен да го напушти Баерн и да се приклучи на Барселона, а Баерн Минхен не дозволува такво нешто без да биде платено обесштетувањето кое го бараат, а тоа изнесува околу 60 милиони евра.
Сепак, последниот потез на Полјакот може многу да ги разлути челниците на Баерн Минхен. На Мајорка, каде што фудбалерот е на одмор, бил виден како оди на вечера во ист ресторан со тренерот на Барселона, Чави. Тие не вечерале заедно, но имало средба со што двајцата разговарале неколку минути, објавуваат шпанските медиуми.
Сигурно на челниците на Баерн Минхен нема да им се допадне фактот што Чави и Левандовски вечерале во ист ресторан, а тоа е само уште еден доказ колку Полјакот е решен да го напушти Минхен и да се пресели во Барселона.
📸 | Xavi and Lewandowski both went to the same restaurant earlier today. pic.twitter.com/hqJ8pGUwQn
— infosfcb (@infosfcb) June 29, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА