Трансфер-плановите на Партизан се претворија во вистински кошмар за управата на „црно-белите3 откако овој тим остана без најмалку пет-шест врвни кошаркари што ги бараше, водеше интензивни преговори, но не успеа да ги убеди да се приклучат на тимот на Жоан Пењароја.
Последен таков случај е српскиот репрезентативец Ален Смаилагиќ, поранешниот центар повеќе од еден месец преговараше за камбек во Партизан, за на крајот да се реши да потпише за турски Галатасарај. Смаилагиќ пред две години си замина од Партизан, најпрвин во Жалгирис, а потоа во Виртус Болоња, „црно-белите“ му нудеа плата од над еден милион евра, но и тоа не беше доволно да дојде до потпис.
Турските медиуми тврдат дека „Смајли“ прифатил и пониска плата од Галата во однос на понудата пред Партизан, јасно ставајќи до знаење дека клучно му е да има минутажа и важна улога во тимот, нешто што му недостига во последните сезони во кариерата.
„Црно-белите“ се надеваа дека со Смаилагиќ ќе добијат адут плус во рекетот, но по најновиот развој на настаните сега ќе мораат да се свртат кон други опции на пазарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
