Сменет судијата за дербито: Ставрев не може од објективни причини, Ецкоски ќе дели правда

На 14 часа пред стартот на големото дерби во Тетово меѓу Шкендија и Вардар, променет е главниот судија. Како што информира ФФМ на својот официјален сајт, Александар Ставрев кој беше делегиран за главен судија на натпреварот од 19. коло во Прва МФЛ меѓу Вардар и Шкендија, од објективни причини е спречен да ја предводи судиската шесторка на утрешниот дуел во Тетово.

Судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија на местото главен судија на дерби дуелот на Градскиот стадион во Тетово го определи Марјан Ецкоски од Охрид. Тој меѓудругото ќе има задача и да одлучи дали постојат услови за одигрување на натпреварот, со оглед дека на теренот во Тетово има снежна покривка.

Се вчитува...