Смилковски е европски вицешампион: Вкупно четири медали за каратистите на ЕП за кадети и јуниори во Финска

Македонската карате репрезентација запиша одличен успех со освоени четири медали на Европското првенство за кадети и јуниори кое изминативе денови се одржа во Тампере, Финска.

Столе Смилковски освои сребрен медал во категоријата до 67 килограми за помлади сениори на последниот ден од натпреварите. Столе се закити со сребрен медал откако во финалето не успеа да го совлада Алтунер Јилмаз Екрем од Турција. Претходно во првото коло Столе го победи Шпанецот Алекс Ортиз Де Зарате со 4-1, во второто коло против Естонецот Макар Навитски победи со 2-0, во третото коло беше подобар и од Швајцарецот Матијас Брунер со 4-2. Во четвртото коло го победи Азербејџанецот Хусеин Мамадли со резултат 4-1 а во полуфиналето и Русинот Егор Пулкин со 2-0.

И останатите македонски претставници имаа добри настапи, иако не стигнаа до борби за медали. Магдалена Божиновска и Бериз Куртановиќ остварија по две победи и освоија седмо место во своите категории, како и машкиот ката-тим во екипниот настап, додека женскиот ката тим го освои деветото место.

Со тоа успешно заврши настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и У21 на кое младите македонски спортисти освоија четири медали, од кои еден златен, два сребрени и еден бронзен медал.

Се вчитува...