Смилковски: Ќе повторам уште еднаш „БАШ Е ДОБРО ДА СИ ТФТ“

Кошаркарите на ТФТ испишаа клупска историја откако стигнаа до големото финале во АБА2-лигата, со максимални 2-0 славејќи во полуфиналната серија со Сутјеска. Црногорците влегоа како големи фаворити, со далеку поголем буџет од македоскиот вицепрвак, но карактерот и храброста на „црно-белите“ од Тафталиџе пресудија, ТФТ да слави и на денешниот втор меч, прв во Скопје со убедливи 90-77, и во голем стил да го осигура пласманот во големото финале.

Тренерот на скопскиот тим Боро Смилковски по мечот даде свое видување…

„Ќе почнам со тоа што го кажувам овие две недели. БАШ Е ДОБРО ДА СИ ТФТ! Сакам на Симоновиќ да му се заблагодарам за убавите зборови што ги кажа за нас како човек што на највисок левел бил долги години во Европа. Ние бевме подобри во оваа серија и ги контролиравме двата тима. Пократката ротација и заморот доведе да имаме некои амплитуди. Морам да се заблагодарам на прекрасната публика која не водеше вечерва. Мораме да останеме со ладни глави. Не очекува финале и домашната лига. Ќе дадеме се од себе патот во АБА лигата да го завршиме на најдобар начин. Ќе се бориме за тоа и се надеваме дека ќе ја завршиме на убав начин оваа „Пепелашка приказна“, изјави Смилковски. 

Се вчитува...