Смилковски: Резултатот не е реален, сакаме победа во Скопје

ТФТ претрпе пораз од убедливи 88-69 во првиот дуел од финалето во АБА2 лигата против Широки бријег, конечен исход што не е реална слика за случувањата на теренот ако се знае дека ТФТ доминираше во првата четвртина и потоа целосно парираше до крајот на третата четвртина.

За жал, во последните 10 минути следеше целосен колапс, Широки го доби овој дел од мечот со 24-7 и на крајот стигна до заслужена победа.

Стратегот на ТФТ, Боро Смилковски, по натпреварот му го честиташе триумфот на противникот, најавувајќи дека неговиот тим ќе стори се за да стигне до триумф на вториот меч во Скопје и да се избори за мајсторка.

„Честитки до тимот на Широки за заслужената победа. Во првото полувреме игравме добра кошрка, но во вториот дел малку паднавме и го загубивме фокусот. Не бевме доволно сконцентрирање, пред се во чувањето на Трајс, а се разбуди и публиката која беше прекрасна вечерва. Можеби резултатот на крајот не е реален, но тоа не ја намалува победата на домаќинот. Имаме уште еден меч во Скопје и ќе сториме се за да стигнеме до победа пред нашите верни навивачи“, истакна Смилковски.

Се вчитува...