Снегот ја одложи пријателската Струга – Ренова во Охрид

Врнежите од снег кои утрово ја зафатија речиси цела Македонија, направија проблем и на подготовките на екипите кои останаа во Македонија. Таква е ситуацијата и со Струга и Ренова кои требаше денеска да одиграат пријателски меч во Охрид, но истиот е одложен поради снежните врнежи.

Теренот во Охрид е целиот со снег, па така натпреварот мораше да биде откажан.

Струга ТЛ ќе замине на подготовки во Албанија, а Ренова ќе остане тука. Исто така во нашата земја ќе се подготвуваат и екипите на Пелистер и на Скопје. Поголемиот дел од екипите веќе заминаа на подготовки во Анталија.

Се вчитува...