„Сноубордерката“ Ледецка сензационална победничка на спустот во Лејк Луис

Најполивалентната натпреварувачка во зимски спортови Естер Ледецка е сензационална победничка на првиот спуст во сезоната во алпско скијање, кој се возеше во канадскиот Лејк Луис. Чешката до победата стигна со време од 1.31.87 што беше за 35 стотинки подобро од второпласираната Корине Сутер од Швајцарија. Третото место и припадна Австријката Стефани Вение која доцнеше 45 стотинки зад времето на победничката.  За потсетување Ледецка е олимписка шампионка во сноубординг, а беше сензационалистичка победничка и на супервелеслаломската трка на ЗОИ во Пјонгчанг.

Водечката во генералниот пласман, Микаела Шифрин денешниот спуст го заврши на десетата позиција со заостанување од 96 стотинка зад победничкото време.

Се вчитува...