Снукер: Историски камбек – губеше со 5-14, но се пласираше во финалето на „Крусејбл“

Лука Бресел оствари извонреден успех со пласманот во финалето на светското првенство во снукер, популарниот „Крусејбл“, откако со неверојатна серија успеа да слави во полуфиналето против Си Џиахуи со 17-15 во фрејмови.

Кинескиот дебитант на „Крусејбл“ извонредно го почна ова полуфинале, па во текот на вчерашниот ден имаше предност од 14-5. Бресел ја заврши синоќешната програма намалувајќи на 14-10, а неверојатната серија ја продолжи и во текот на денешниот ден, освојувајќи уште шест фрејма во серија за водство од 14-16.

Си успеа да ја запре серијата и намали на 15-16, потоа имаше и шанса за целосно израмнување, но кинескиот мајстор промаши важен удар, по што Бресел го комплетираше пресвртот и се палсираше во своето прво финале на „Крусејбл“.

Во второто полуфинале се среќаваат Марк Селби и Марк Ален.

Се вчитува...