Со антифудбал не се станува шампион – Неславен рекорд на Арсенал

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата во Лигата на шампионите откако вечерва во трилер финалето по изведување на пенали славеа над Арсенал со 4-3 откако по 120 минути беше 1-1.

Чудниот поглед на фудбалот на Артета можеби не го чинеше директно вечерва, но фудбалските богови ретко кога дозволуваат со антифудбал да стигнеш до ушкото. Во првото полувреме Арсенал имаше само 69 додавања со што стана првиот клуб од сезоната 2004/2005 во било која фаза од елитното натпреварување што имал толку малку пасови.

Се вчитува...